Линкови за пристапност

Првиот човек на републиканците во САД предвидува победа на претстојните избори


Првиот човек на републиканците во САД предвидува победа на претстојните избори
Првиот човек на републиканците во САД предвидува победа на претстојните избори

Сите членови на Претставничкиот дом и една третина од стоте сенатори во државата ќе бидат избрани во вторник, на 2 ноември

Претседателот на американскиот Републикански национален комитет предвиде голема републиканска поддршка на конгресните избори во САД на 2 ноември, додека претседателот на Демократскиот национален комитет предвиде тесна трка.

Републиканецот Мајкл Стил и демократот Тим Кејн зборуваа на американската телевизија во неделата на одвоени програми.

Стил, на емисијата „Соочете се со нацијата“ на НБЦ телевизијата, кажа дека верува „апсолутно“ оти републиканците ќе добијат мнозинство во Претставничкиот дом со 435 места. Тој внимателно предвиде и победа во американскиот Сенат, каде 37 законодавци се за реизбор. Тој рече дека верува оти гласачите се уморни од начинот на кој демократите раководат со федералната влада.

Кејн, зборувајќи на „Оваа недела“ на АБЦ телевизијата кажа дека верува оти демократите ќе го задржат мнозинството во двата дома на Конгресот. Тој рече дека раното гласање и поддршката за демократските кандидати на политички собири индицираат дека демократите нема да изгубат многу места на денот на гласање како што предвидуваат анкетите.

Сите членови на Претставничкиот дом и една третина од стоте сенатори во државата ќе бидат избрани во вторник, на 2 ноември.

Истражување на јавно мислење на Асошиејтед прес од средина на октомври со повеќе од 1.500 испитаници најде дека 50 проценти од веројатните гласачи планираат да гласаат за републикански кандидат, додека само 43 проценти планираат да гласаат за демократ.

XS
SM
MD
LG