Линкови за пристапност

Трамп: Клинтон ќе предизвика Трета светска војна


Кампањата на Клинтон, пак, го критикуваше Трамп за поддршка на рускиот претседател

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вели дека политиката на Хилари Клинтон во однос на Сирија ќе доведе до нова светска војна.

„Она што ние треба да направиме е да се фокусираме на Исламската држава, а не на Сирија. Ќе завршиме во Трета светска војна ако ја слушаме Хилари Клинтон“, изјави Трамп во интервју за Ројтерс.

Клинтон во повеќе наврати предложи да продолжат напорите на САД во борбата против борците на Исламската држава, и оти сака Асад да ја напушти власта.

Кампањата на Клинтон го критикуваше Трамп за поддршка на претседателот на Русија Владимир Путин, кој сака Асад да остане на власт.

Клинтон исто така поддржува формирање на зона со забрана за летање, со цел да ги заштити граѓаните, што потенцијално може да предизвика конфликт со сириските и со руските сили, додека Трамп смета дека сирискиот лидер е посилен денес, отколку пред три години.

XS
SM
MD
LG