Линкови за пристапност

Клинтон и Трамп со фокус на Флорида


Најновите анкети покажуваат дека Клинтон води пред Трамп со околу четири поени во Флорида, една од државите со најголем број делегати

Американските претседателски кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп ја фокусираат кампањата во Флорида, држава која треба да одигра голема улога на изборите за две недели.

Потребни се 270 гласови од изборниот колеџ за избор, а победникот од Флорида добива 29 изборни гласови.

Најновите анкети покажуваат дека во Флорида Клинтон води пред Трамп со околу четири поени.

Трамп во понеделникот беше во оваа држава, каде изјави дека не само што ќе победи во Флорида, туку ќе ги добие гласовите на национално ниво.

„Ова се случува еднаш во живот. Ова е наша последна шанса. За четири години, нема да се повтори. Треба да излезете и да гласате“, рече Трамп.

Клинтон во понеделникот беше во Њу Хемпшир, каде меѓу другото, го критикуваше Трамп за неговите коментари за воената офанзива во Ирак.

XS
SM
MD
LG