Линкови за пристапност

Бил Клинтон: Хилари е најдобро квалификувана да направи промена


Во вторникот Хилари Клинтон официјално ја доби номинацијата и стана прва жена номинирана за претседател од голема партија во САД.

Четириесет и три слики се појавија на екранот во арената во Филаделфија каде што се одржуваше Демократската национална конвенција во вторникот навечер, секоја покажувајќи еден од луѓето кои служеле како претседател на САД. По претседателот Барак Обама, имиџот на сликата на екранот се оддалечи и се потоа се крши во виртуелни парчиња, откривајќи ја Хилари Клинтон, првата жена што воопшто била номинирана за претседател од една од големите политички партии.

„Ове беше прекрасен ден, и ноќ. Ми приредивте голема чест“, рече Клинтон.

Таа се појави на видео од Њујорк и кажа дека демократите направиле „најголема пукнатина“ на таканаречениот таван од стакло што ги спречува жените да напредуваат кон високи позиции. Клинтон зборуваше за значењето на моментот за секое девојче кое го гледа тоа.

„Јас може да станам прва жена-претседател, но една од вас е следната“.

Главниот говорник во вторникот навечер во поддршка на Клинтон беше нејзиниот сопруг, Бил, кој служеше два мандати како претседател низ најголем дел од 1990-те. Тој даде детална лична хронологија започнувајќи со тоа како се сретнале, и мина низ историјата на нејзината работа како адвокатка, сенаторка во Конгресот и државна секретарка.

„Хилари е уникатно квалификувана да зграби можности и да го намали ризикот со кој сме соочени, и таа се` уште е најдобрата личност која може да направи промена што воопшто сум ја сретнал“, рече тој.

Поранешниот претседател исто така посегна по групи кои биле издвоени од републиканскиот номиниран кандидат Доналд Трамп.

„Ако ја сакате оваа држава, многу работите, плаќате даноци и го почитувате законот, треба да изберете имиграциона реформа над некој што ве праќа назад“, рече Клинтон. „Ако сте муслиман и ја сакате Америка и слободата, и го мразите теророт, останете овде и помогнете ни да победиме и да ја направиме иднината заедно“.

Трамп преку Твитер кажа дека конвенцијата на неговата партија минатата недела била поинтересна и го критикуваше Клинтон, кој добил репутација на добар говорник додека бил на функцијата.

„Без оглед на тоа што Бил Клинтон ќе го каже и колку добро ќе го каже, плитките медиуми ќе извикуваат со воодушевување дека е извонредно.“

Хилари Клинтон официјално ја обезбеди номинацијата во вторникот кога нејзиниот ривал, сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, го затвори гласањето на државите барајќи од делегатите да ја изберат со акламација или едногласно. Клинтон истото го стори во 2008 во поддршка на нејзиниот тогшен ривал, Обама.

Но потегот на Сандерс не помина толку добро и некои негови тврдокорни поддржувачи кои се против Клинтон не го прифатија неговиот повик да ја поддржат. Неколку стотини од нив излегоа од халата и поседнаа на подот во знак на протест.

XS
SM
MD
LG