Линкови за пристапност

Клучни демократи се соочуваат со ризик да загубат на примарните избори


Неколку демократи од висок профил се соочуваат со ризик да ги загубат своите места во Конгресот откако гласачите во четири американски држави гласаа на примарните избори во вторникот.

Поранешниот директор на средно училиште Џемал Боуман, кој претходно никогаш не се кандидирал, има предност пред конгресменот Елиот Енгел, претседател на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, покажа пребројувањето на гласовите на лицата кои гласале на гласачките места.

Претставниците на изборачките одбори во Њујорк предупредуваат дека со голем број гласачки ливчиња по пошта, кои нема да се бројат до следната недела, прецизирањето на конечните резултати од гласањето во вторникот ќе потрае извесно време.

Енгел го претставува 16-от Конгресен округ во Њујорк во 16 мандати. Боуман е либерален кандидат, кој привлече поддршка од истакнати прогресивци, вклучувајќи ја и конгресменката Александриа Окасио-Кортез.

Гласачките ливчиња ќе одлучат и за друга област во Њујорк, односно со демократката Каролин Малони - претседателка на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом, во трка со адвокатката и активистка Сара Пател. Според првично обработените податоци, во кои сè уште не се вклучени сите гласачки ливчиња, Малони има предност од 40%.

Окасио-Кортез беше меѓу оние кои лесно ги освоија примарните избори во вторникот. Другите ги вклучуваат Конгресмените Грегори Мекс и Џозеф Морел и конгресменките Грејс Менг и Нидија Веласкез.

Трамп ги поддржа двајцата републиканци во Њујорк, Клаудија Тени и Никол Малиотакис, кои победија на изборите во вторникот и ќе се обидат да ги совладаат актуелните демократи во ноември.

Републиканецот Крис Џејкобс го порази демократот Нејт Мекмареј. Тие повторно ќе се соочатна изборите во ноември.

Во Северна Каролина, Медисон Кавторн забележа победа во редовите на републиканците во однос на Линда Бенет. Ако Кавторн победи на општите избори во ноември, тој ќе стане најмладиот член на Конгресот на 25 години.

Во Вирџинија, победи пензионираниот полковник на Армијата, Даниел Гајд. Тој ќе се соочи со актуелниот демократски сенатор Марк Ворнер во ноември.

Републиканецот Скот Тејлор победи во втората конгресна област во Вирџинија. Актуелните демократи Доналд Мекеичин и Гери Коноли лесно победија во Вирџинија во вторникот.

Конечниот резултат не се очекува со денови поради големиот број на гласачки ливчиња испратени по пошта. Изборните одбори добиле барања за околу 883.000 вакви гласачки ливчиња, а повеќе од 452.000 биле предадени до понеделник попладне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG