Гувернерот на Северна Каролина Пат Мекрори, прогласи вонредна состојба за Шарлот, заради вториот ден протести предизвикани од убиство на афро-американец од страна на полицијата.
Демонстрациите во средата навечер започнаа мирно, но потоа се претворија во насилни, по што освен полицијата, дополнително беа распоредени и припадници на Националната гарда.
Пред да се случи инцидентот од вторникот, полицаецот, исто така црнец, на панцирот имал камера, но видео-материјалот се` уште не е обелоденет.
Претседателот Барак Обама имаше телефонски разговори со градоначалниците на Шарлот и на Тулса, сојузната држава Оклахома, каде минатиот петок, полицаец-белец го усмртил Теренс Крачер, кој бил црнец, што исто така резултираше со протести.