Линкови за пристапност

Протести во Северна Каролина и Оклахома


Демонстрациите во Шарлот, беа поттикнати откако полицаец-црнец го застрелал Кејт Ламонт Скот, исто така црнец, кој подоцна им подлегнал на повредите.

Протести и судири со полицијата во Шарлот, Северна Каролина откако полицаец – црнец усмртил друго лице, исто така црнец. Притоа биле повредени 12 полицајци.

Полицијата пристигнала во комплексот згради со налог за претрес на апартманот на друго лице, кога го забележала 43-годишниот Кит Ламонт Скот со пиштол во рацете. Полицаецот кој пукал рекол дека Скот претставувал „непосредна закана“, но членови на неговото семејство изјавија дека тој не бил вооружен.

Градоначалничката на Шарлот Џенифер Робертс, соопшти дека истрагата е во тек.

Друг протест беше организиран пред седиштето на полицијата во Тулса, Оклахома, заради инцидент од петокот, во кој полицаец усмртил невооружен црнец којшто стоел до својот автомобил. Адвокатот на полицаецот изјави дека тој бил во опасност, бидејќи Теренс Крачер посегнал од прозорецот на возилото. Семејството на Крачер тврди дека прозорецот бил затворен.

XS
SM
MD
LG