Американскиот претседателот Доналд Трамп денеска е домаќин на полскиот претседател Анджеј Дуда во Белата куќа, во пресрет на изборите во Полска за неколку дена.
Полските гласачи за четири дена ќе одлучат дали десничарскиот претседател ќе го добие својот втор мандат.
Дуда, близок сојузник на Трамп, наводно се надева дека Трамп ќе објави поголема американска воена помош за Полска, која изрази потреба од поголема воена поддршка по руската анексија во 2014 година во близина на Крим.
Набрзина договорената средба доаѓа по ненадејната најава на Трамп претходно овој месец за намалување на бројот на американски војници во Германија од 34.500 на 25.000.
Тоа веќе предизвика шпекулации дека Трамп би можел да одлучи да прераспредели дел од нив во Полска.
Facebook Forum