Линкови за пристапност

Полскиот министер за надворешни работи сака НАТО да распореди трупи за одвраќање на Русија


„Присуството е знак за определеност да се влезе во борба за одбрана“, кажа Витолд Вашајковски за Гласот на Америка

Полскиот министер за надворешни работи го поттикнува НАТО да ја надмине колебливоста во врска со распоредување трупи по должина на источната граница за да ја одврати, како што вели тој, руската агресија.

Руската инволвираност во Украина и заземањето на Крим пред две години направи други држави по должина и во близина на руските граници да се чувствуваат понесигурни, вклучувајќи ги и Полска, Словачка, Романија и Балтичките нации – дом на голем број луѓе кои зборуваат руски.

Вашајковски кажа дека не се согласува со многумина од неговите колеги – министри во НАТО дека „идејата за разуверување од далечина“ е најдобар начин да се надмине несигурноста предизвикана од Русија.

Витолд Вашајковски зборуваше за Гласот на Америка во Вашингтон во средата, каде се сретна со Државниот секретар Џон Кери.

Тој верува дека на Кремљ му треба силен сигнал од НАТО.

„Присуството е знак за определеност да се влезе во борба за одбрана, и тоа ќе ја обесхрабри Русија од каков било агресивен потег кон источните и централните држави“.

Но, Русија исто така чувствува закана од проширувањето на НАТО и тоа го смета за офанзивен потег од западната воена алијанса и закана за нејзината национална безбедност.

Полска ќе биде домаќин на самит на НАТО во јули, каде Вашајковски кажа дека се надева оти министрите ќе имаат одговори на заканите како Исламската држава, нестабилноста во Либија и Северна Африка, и тековниот конфликт во Украина.

XS
SM
MD
LG