Линкови за пристапност

Сешнс: Ќе ги гониме сите кои произведуваат и поседуваат пластично огнено оружје


Американскиот главен правобранител кажа дека САД нема да толерираат прекршување на законот во случајот на добивање оружје со „3-Де“ печатачи

Американскиот главен правобранител Џеф Сешнс, вети силна акција за секој кој произведува или поседува пластично огнено оружје, направено со помош на „3-Де“ печатачи.

„Нема да толерираме затајување, особено позирање на сегашниот закон и ќе преземеме акција, за да осигуриме дека поединците кои го прекршуваат законот правејќи пластично огнено оружје кое би било тешко да се детектира, ќе бидат кривично гонети до највисок степен“, истакна првиот човек на Одделот за правда.

Сешнс, кој коментираше за тековниот спор за тоа дали плановите за производство на пластично оружје, може да бидат објавени во јавноста, додаде: „Согласно федералниот закон, незаконски е да се произведува или поседува пластично огнено оружје кое е невидливо за радар“. Прекршувањето на законот е казниво со до пет години затвор.

Главниот правобранител истакна дека пластичното оружје „претставува значаен ризик по јавната безбедност“, додавајќи дека неговиот Оддел ќе соработува со агенциите за спроведување на законот на државно и локално ниво во процесот на идентификување на сите можни случаи за кои има основа да се покрене судска постапка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG