Линкови за пристапност

Не мина контроверзниот нафтовод


Не мина контроверзниот нафтовод
Не мина контроверзниот нафтовод

САД не го прифатија предлогот на канадската компанија за линијата од Канада до Тексас.

Владата на Обама го отфрли предлогот на канадска компанија за изградба на контроверзен нафтовод, од северниот дел на Канада па се` тексашкиот дел на Мексиканскиот Залив.

Стејт департментот предложи владата на претседателот Барак Обама да го одбие проектот за изградба на нафтоводот Кистоун од страна на компанијата Транс Канада. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека проектот не служи на националниот интерес.

Официјални лица наведуваат дека немале доволно време да извршат проценка на проектот, но дека неговото отфрлање не значи дека ќе бидат одбиени евентуалните нови предлози за истиот или слични проекти.

Обама издаде соопштение во кое наведува дека одлуката не се базира на квалитетот и целите на нафтоводот, туку е донесена заради, како што рече, произволниот рок од 60 дена што му го поставиле републиканците во Конгресот да донесе конечна одлука. Белата куќа имаше рок до 21-ви февруари да реши дали ќе го реализира проектот вреден седум милијарди долари.

Претседателот тврди дека тоа не му оставило доволно време да го процени потенцијалното влијание врз животната средина, здравјето и безбедноста на Американците.

Од канцеларијата на канадскиот премиер Стивен Харпер рекоа дека тој изразил длабоко разочарување за време на телефонскиот разговор со претседателот Обама. Канадски претставници велат Харпер усе надева дека проектот сепак ќе биде одобрен во иднина, со оглед на потенцијалот што го носи за отворање на работни места, и во САД, и во Канада.

XS
SM
MD
LG