Линкови за пристапност

Заеднички воени вежби на САД и Филипини


Маневрите се со многу помал обем споредено со последниве години

САД и Филипините започнаа со заедничките воени вежби кои годинава се помали откако филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека тој сака да ги зајакне односите со Кина и Русија.

Годинешниве маневри се со фокус на справувањето со катастрофи и борба против тероризмот. Операциите за одбрана на територија овојпат ќе бидат исклучени.

Кина тврди дека ги поседува речиси сите територии во Јужното Кинеско Море, и покрај тоа што неколку држави, вклучувајќи ги и Филипини исто така имаат побарувања во регионот. Дутерте за територијалниот спор со Кина зазеде помек став отколку неговиот претходник.

Споредено од лани, годинава во заедничките воени вежби ќе учествуваат далеку помал број на војници. Властите најавуваат бројка од околу 5.400, споредено со околу 11.500 војници минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG