Линкови за пристапност

Матис: Не сум против формирање „Вселенски сили“


Минатата година, тој до Конгресот испрати писмо во кое изрази предупредување да не се избрзува со овој чекор, но дека никогаш не се спротиставил на идејата

Секретарот за одбрана Џим Матис, рече дека не е против воспоставувањето на Вселенски сили, како шеста гранка во армијата на САД.

Првиот човек на Пентагон истакна дека транзицијата ќе се случува во фази, доколку Конгресот го одобри тоа.

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека новата гранка е потребна за да се обезбеди доминација на САД во вселената.

Пентагон во четвртокот го објави извештајот со детали за новите чекори за исполнување на целите на Белата куќа за формирање на „Вселенските сили“ до 2020-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG