Линкови за пристапност

Пелоси тврди дека Русија стои зад хакерските напади


Големата штета, што со тоа и` беше предизвикана на Демократската партија се истражува, вели лидерката на демократското малцинство во Претставничкиот дом

Лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом Ненси Пелоси вели дека Русија сигурно стои зад кибернетските напади на нејзината партија.

Таа рече дека големата штета, што со тоа и` била предизвикана на нејзината партија, се истражува.

Минатата година, претставници на разузнавачките служби на САД информирале неколку високо - рангирани членови на Конгресот, дека руски хакери се обидувале да ги пробијат компјутерите на Демократскиот национален комитет.

Администрацијата на Обама јавно не најави дека Русија стои зад нападот, но истражителите велат дека руските шпионски агенции се одговорни за него.

Русија негираше каква било инволвираност.

XS
SM
MD
LG