Линкови за пристапност

Очекуваме економските услови да се подобрат во третиот и четвртиот квартал од годинава, рече Мучин


Секретарот за финансии на САД, заедно со директорот на Федералните резерви, сведочат пред Сенатот за последиците од пандемијата

Секретарот за финансии на САД Стивен Мучин и директорот на Федералните резерви Џером Пауел, се надеваат дека заемите и помошта наменети за семејствата и бизнисите, ќе бидат олеснување во наредните месеци.

Тие денес сведочат пред Сенатската комисија за финансии.

Пауел вели дека пандемијата предизвикала болка, која не може да се објасни со зборови.

„Мерките кои се преземаат за олеснување на последиците од вирусот се инвестиција во индивидуалното и колективното здравје. Како општество ќе направиме се` што можеме за да обезбедиме помош за оние што страдаат за доброто на јавноста“, рече тој, додавајќи дека околу 36,5 милиони американски работници побарале паричен надомест поради невработеност, како резултат на пандемијата.

Тој вети дека каматните стапки ќе останат на истото ниво како досега, додека не се сигурни оти економијата е доволно стабилна.

Мучин, пак, рече дека американските граѓани се соочуваат со економски предизвици како резултат на кризата, но, вели дека е убеден оти државата ќе излезе од оваа ситуација посилна, благодарение на напорите на здравствените работници.

Тој додаде дека, заедно со гувернерите, почнале да ја отвораат економијата на начин на кој се сведувале на минимум ризиците за работниците и потрошувачите.

„Очекуваме економските услови да се подобрат во третиот и четвртиот кавртал од годинава“, рече Мучин, потенцирајќи дека „заедно ќе го уништиме КОВИД-19, и нашата држава ќе излезе од пандемијата посилна од кога било досега“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG