Линкови за пристапност

Републиканците го критикуваат Обама за осудата на Израел


Палестинците го сметаат тој дел за нивен иден главен град и бараат да запре изградбата

Републиканските пратеници ја критикуваа владата на претседателот Барак Обама за осудата на израелските планови за изградба на домови за Евреи во окупираниот источен Ерусалим.

Вториот по ранг републиканец во Претставничкиот дом Ерик Кантор ги обвини вишите владини лица дека упатиле “неодговорна критика“ за Израел, без оглед на статусот што земјата го има како близок сојузник на САД.

Потпретседателот Џо Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон и претседателскиот советник Дејвид Акселрод деновиве со несекојдневно остар тон го осудија Израел за одобрувањето на изградбата на домови за доселеници во источен Ерусалим минатата недела. Палестинците го сметаат тој дел за нивен иден главен град и бараат да запре изградбата.

Кантор, пак, ја обвини администрацијата на Обама дека се обидува да придобие симпатии во арапскиот свет преку осудата на Израел.

Некои мировни организации во САД ја оценија критиката кон Израел како соодветна. „Американци за мир – сега“ и „Улицата Ј“ ја повикаа Белата куќа да продолжи со притисок врз Израел да запре со постапките што го поткопуваат мировниот процес.

XS
SM
MD
LG