Пакистанската влада ги осуди двата последни напади со американски беспилотни летала на нивна територија нарекувајќи ги повреда на државниот суверенитет.
Во денешното соопштение, Министерството за надворешни работи објави дека „нападите имаат негативно влијание врз пакистанските напори за обезбедување мир и стабилност во регионот. Засега нема реакција од САД.
Нападите се случија доцна синоќа и рано утринава во племенскиот регион Северен Вазиристан, кој се граничи со Авганистан.
Пакистанските жители и разузнавачки претставници велат дека најмалку десетина лица загинале во нападите. Доколку бидат потврдени од американска страна, ова би биле први вакви напади во Пакистан оваа година.