Иванка Трамп ќе ја предводи делегацијата на САД на церемонијата на затворањето на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.
Ќерката на претседателот Доналд Трамп, заедно со виш советник на Белата куќа, денес пристигнаа во Сеул, каде освен вечера со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, не се предвидени други дипломатски контакти.
Трамп се очекува да остане подалеку од политиката, и времето да го помине на олимписките настани.
„Многу сме возбудени да присуствуваме на Олимпијадата, да се радуваме за американскиот тим, како и да ја потврдиме поддршката за граѓаните на Република Кореја“, рече Трамп, веднаш по пристигнувањето.
Според американски официјални лица, Иванка Трамп нема планови да се сретне со делегацијата на Северна Кореја, да разговара за нуклеарниот ќорсокак со САД. Не се предвидени ниту средби со бегалци од Северна Кореја, на кои би се истакнала репресијата и прекрушувањето на човековите права од страна на Владата на Ким Јонг Ун.
Facebook Forum