Линкови за пристапност

САД остро ги осудија нападите во Алепо


Според Сириската опсерваторија за човекови права, само изминатава година, од руските воздушни напади во земјата загинале 9.000 лица, меѓу кои многумина биле цивили.

Претседателот Барак Обама остро ги осуди, како што ги нарече, „варварските напади на рускиот и сирискиот режим“ врз цивилното население во источниот дел на Алепо.

Белата куќа соопшти дека американскиот лидер имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. И обајцата се согласиле дека Русија и режимот на Асад имаат „особена одговорност“ да го прекинат насилството и да дозволат пристап на хуманитарната помош во погодените области.

Претходно, државниот секретар Џон Кери кажа дека САД размислуваат да ги прекинат дипломатските разговори со Русија, заради продолжителните бомбашки напади на Москва врз бунтовниците во источниот дел на Алепо.

Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија, изминатава година, од руските воздушни напади во земјата загинале 9.000 лица меѓу кои многумина биле цивили.

Само во Алепо, стотици илјади цивили се заглавени во градот. Половина од нив се деца.

САД вршат притисок врз Русија да го искористи своето влијание врз нејзиниот близок сојузник, сирискиот претседател Башар Ал Асад, да го почитува прекинот на огнот и да ги пушти хуманитарните конвои на ОН во Алепо.

Русија и Сиријците велат дека целат на „терористи“ – нивна терминологија за бунтовниците кои се обидуваат да ја соборат сириската влада.

XS
SM
MD
LG