Линкови за пристапност

Обама во Аризона, потоа во Тенеси


Со серија говори го гради рејтингот пред годишното обраќање до нацијата од Конгресот

Американскиот претседател Барак Обама денес во Феникс, сојузната држава Аризона ќе говори за серијата предлози коишто планира да ги претстави во годишното обраќање до нацијата од Конгресот нешто подоцна месецов.

Денешниот говор на Обама е насочен на плановите да им помогне на Американците да можат да си купат дом. Од Аризона, претседателот ќе замине за Тенеси, каде што ќе говори како универзитетското образование да стане подостапно.

Целта на серијата говори е да го поттикне рејтингот на претседателот во анкетите. Тој доби позитивни оценки со неодамнешните извршни одлуки за нормализирање на односите со Куба и за овозможување на милиони недокументирани имигранти да останат во САД. Во негова корист одат и извештаите за постојаното подобрување на економијата.

Вчера, Обама одржа говор во фабрика во Детроит - срцето на автомобилската индустрија во САД. Обама ја подвлече одлуката на неговата влада во 2009-та да даде милијарди долари заем и да ги спаси гигантите Крајслер и Џенерал моторс коишто беа на работ да прогласат банкротство среде глобалната економска криза.

XS
SM
MD
LG