Двајцата поранешни претседатели на САД Џорџ В. Буш и Барак Обама се вмешаа во актуелната политичка состојба во државата, осудувајќи ги политичките поделби.
Буш рече дека заплашувањето и предрасудите во јавниот живот стануваат секојдневие.
„Тоа дава дозвола за суровост и нетрпеливост и ја компромитира моралната едукација на нашите деца. Единствениот начин да се надмине граѓанската вредност е да се живее со неа“, рече Буш, за време на говорот на Националниот форум за слобода, слободен пазар и безбедност, на Институтот Буш во Њујорк.
Буш ја осуди политичката поделеност на земјата, велејќи дека „понекогаш може да изгледа дека силите што не’ влечат се посилни од силите што не држат заедно“.
„Го видовме нашиот дискурс деградиран од обична суровост“, рече Буш, додавајќи дека „аргументот се претвора премногу лесно во непријателство, а несогласувањето ескалира во дехуманизација“.
Обама, пак, на ова прашање дебатираше во Ричмонд, за време на кампањата за кандидатот од Вирџинија Ралф Нортам.
„Наместо политиката да ги одразува нашите вредности, политиката ги инфицира нашите заедници“, рече Обама, и додаде:
„Наместо да бараме начини да работиме заедно и да работиме практично, добивме луѓе кои намерно се обидуваат да ги налутат луѓето. Да ги демонизираат луѓето кои имаат различни идеи“, смета Обама.
Ниту еден од поранешните водачи не го спомена американскиот претседател Доналд Трамп, но, нивните пораки се чинат дека директно се насочени кон него.
„Нашиот идентитет како нација, за разлика од другите нации, не е одреден по географија или етничка припадност, почва или крв“, рече Буш, велејќи дека „луѓето од секоја раса, религија и етничка припадност можат да бидат подеднакво Американци. Тоа значи дека фанатизмот и белата надмоќ, во која било форма, се богохулие против американскиот народ“.
Обама, пак истакна дека „ако мора да победите во кампања со делење луѓе, нема да можете да ги управувате. Вие нема да бидете во можност да ги обедините подоцна“.
Двајцата поранешни претседатели и претходно даваа политички изјави, во согласност со претседателската традиција.
Минатата година, Буш ја поддржа неуспешната претседателска кампања на неговиот брат, поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, додека Обама водеше кампања за демократската претседателска кандидатка, поранешената државна секретарка на САД Хилари Клинтон.
Facebook Forum