Линкови за пристапност

Обама: Важно е граѓаните да не подлегнуваат на стравот


Претседателот на САД, во обраќање од Њујорк, осигура дека спроведувачите на законот и антитерористичките агенции ја извршуваат должноста

Американскиот претседател Барак Обама ги повика граѓаните да не се предаваат на стравот, и ги осигура дека спроведувачите на законот и антитерористичките агенции ја извршуваат должноста.

Обраќајки се од Њујорк, каде учествува на Генералното собрание на Обединетите нации, Обама рече дека во времиња како ова, важно е да се знае што терористите и насилните екстремисти се обидуваат да постигнат.

„Тие се обидуваат да повредат невини луѓе, но исто така сакаат да поттикнат страв во секој од нас, да го отежнат начинот на кој живееме, како и да ги поткопаат нашите вредности. Освен што треба да бидеме внимателни, со цел да го спречиме овие бесмислени акти на насилство и да осигураме дека ќе ги најдеме тие лица и ќе ги изведеме пред лицето на правдата, сите ние како граѓани, треба да имаме улога и во обезбедување дека нема да се предадеме на стравот“, рече Обама.

Тој рече дека САД продолжуваат да ја предводат големата коалција во борба против Исламската држава.

28-годишниот Ахмад Кан Рахами, осомничен за поврзаност со нападите во квартот Челси на Менхетен, е притворен утринава.

XS
SM
MD
LG