Линкови за пристапност

САД санкционираа поддржувачи на Исламската држава


Одделот за финансии и Стејт департментот воведоа казни врз вкупно 30 поединци и групи

САД соопштија дека ќе воведат санкции против главни лидери на организацијата Исламска држава и лица од финансискиот сектор, а дополнителни поединци и групи ги окарактеризираa како странски терористички борци.

Одделот за финансии и Стејт департментот воведоа казни врз вкупно 30 поединци и групи, во, како што го опишува виш претставник на претседателот Барак Обама, вистински потфат на САД, да се спречи Исламската држава во обидите за експлоатација на глобалниот финански систем.

Се верува дека ова е најамбициозниот обид на САД да ја ослабе финансиската поддршка на Исламската држава.

Одделот за финансии воведе санкции против 15 борци на Исламската држава, вклучувајќи и поддржувачи и организатори. Целта е „напаѓање на финансиите на ИД и тоа преку спречување на лидерите и организаторите да го користат меѓународниот финансиски систем. Најновата активност значи и поддршка на стратегијата на претседателот Барак Обама за „попречување и на крај, уништување на ИСИЛ“, се вели во соопштението на американскиот Оддел за финансии.

„Одделот останува беспрекорен во обидот да се ослабе финансиската сила на ИСИЛ и да се одбиве пристап на оваа насилна терористичка група до меѓународниот финансиски систем“, вели Адам Субин, вршител на должноста потсекретар за тероризам и финансиска интелегенција.

Одделот за финансии ги санкционира претставниците на Исламската држава коишто функционираат во Авганистан, Либија, Јемен и Тунис. Меѓу поединците санкционирани во Сирија е Британецот Акса Махмуд, обвинет дека порано годинава помогнал во регрутирање на три британски ученички да избегаат во Британија и да се омажат за борци на ИД.

Одделот за финансии претходно санкционираа само четворица борци на ИД, од коишто еден беше убиен во американски напад со беспилотно летало пред неколку месеци.

Истовремено, Стејт департментот обелодени казни за 10 поединци и пет групи, издвувајќи регионални групи во Алжир, Индонезија, Синајскиот Полуостров во Египет и рускиот кавкаски регион. Сали Џонс, Британка и вдовица на оперативен на ИД неодамна убиен во американски напад со беспилотно летало, е меѓу лицата обележани како терористи.

„САД ќе продолжат тесно да соработуваат со партнерите и бројните надлежни органи во воведување на санкциите против тиранијата на ИСИЛ на насилство и репресија“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Виши претставници на администрацијата на Обама соопштија дека различните нациоанлности на новоодредените терористи, ја истакнуваат глобалната природа на заканата на Исламската држава.

Истите официјални лица додадоа дека во моментов ИД годишно прима до 500 милиони долари од приходи од нафта, што во превод значи 1,4 милиони на ден.

Веста дојде во време додека претседателот Барак Обама и другите светски лидери се состануваат на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Самитот е дел од иницијативата на американскиот лидер за справување со насилниот екстремизам.

XS
SM
MD
LG