САД се силен партнер на Северна Македонија и го поддржуваат влезот на државата како 30-та членка на НАТО Алијансата, изјави за Гласот на Америка, висок официјален претставник на Стејт департментот.
„Ги испраќаме нашите најдобри дипломати да не` претставуваат на највисоко ниво од независноста на Северна Македонија. Очекуваме да продолжиме да работиме со Северна Македонија како што процесот се одвива напред“, рече тој, додавајќи дека неодамна добил обновени информации за бројот на ратификации што веќе се направени од други членки на НАТО.
„Верувам дека сите ратификации ќе завршат до крајот на оваа година, некаде наесен“, изјави тој.
Високиот официјален претставник на Стејт департментот, исто така, рече дека го поддржува патот на Северна Македонија кон Европската Унија.
Вели дека помошта на САД е директно насочена кон поддршка на потребните реформи.
„Во блиска комуникација сме со европските партнери. На пример, разговараме за потребата Германија да го истакне нашето верување европскиот пат и позитивните препораки во последниот извештај на Комисијата да бидат целосно земени предвид, кога ќе ги утврдуваат наредните чекори за Северна Македонија и Албанија, како и за други држави од Западен Балкан, кои имаат аспирација за влез во ЕУ“, нагласи тој.
Facebook Forum