Линкови за пристапност

Стејт департмент: САД очекуваат да работат со Пендаровски на патот кон НАТО


САД ја поздравија победата на избраниот претседател на Северна Македонија

САД му ја честитаат победата на избраниот претседател Стево Пендаровски на изборите в недела, соопшти Стејт департментот.

"Ги поздравуваме граѓаните на Северна Македонија кои го искористија нивното право на глас. Изборите беа мирни и компетитивни, и резултатот ја покажува волјата на народот", се вели во соопштението, во кое се поздравува прелиминиарниот извештај на ОБСЕ за изборите.

Стејт департментот нагласи дека САД се силен партнер на Северна Македонија.

"Очекуваме да работиме со избраниот претседател Пендаровски, Владата и со сите политичките партии, како што Северна Македонија се подготвува да стане 30-та членка на НАТО Алијансата, и да ја унапреди иднината во Европската Унија", се вели во соопштението на Стејт департментот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG