Линкови за пристапност

САД ја враќаат Северна Кореја на листата држави-спонзори на тероризмот


САД повторно ќе ја назначат Северна Кореја, како држава-спонзор на тероризам, чекор што ќе значи ставање дополнителен финансиски и дипломатски притисок врз тоталитарната влада.

Претседателот на САД Доналд Трамп, ова го објави денеска во Белата куќа, додавајќи дека мерката требало да се воведе многу порано, во услови на нуклеарните закани и дека оваа земја дека на неколкупати поддржала акти на меѓународен тероризам, вклучувајќи и атентати на странска почва.

Одделот за финансии утре и официјално ќе ја објави мерката. Во моментов на листата земји-спонзори на тероризам на американскиот Стејт департментот се Иран, Сирија и Судан.

САД ја ставија Северна Кореја на оваа листа во 1988-та година, откако нејзини агенти соборија јужнокорејски цивилен авион, при што загинаа 15 лица. Во 2008-та година Пјонгјанг беше тргнат од листата, откако ги исполни одредбите на договорот за нуклеарно разоружување.

Кусо време потоа, пропаднаа шестраните разговори за разоружување. Оттогаш, наваму, Северна Кореја изведе пет нуклеарни тестови и ја интензивираше својата програма за балистички проектили, спротивно на резолуциите на ОН.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG