САД официјално од први септември им забрани на нивните граѓани да патуваат во Северна Кореја.
Ограничувањето, кое беше објавено денеска во „Сојузниот регистар“, воведува рестрикции за американските државјани да патуваат во Северна Кореја, поради постоење на сериозен ризик од „апсење и долгорочен притвор“.
„Сите американски пасоши се прогласени за неважечки за патување во или преку Северна Кореја, освен ако нема специјално одобрение за такво патување“, се вели во објавата.
Хуманитарните патувања, и во некои случаи новинарските патувања ќе бидат изземени од забраната, која ќе биде правосилна една година, освен ако не биде укината порано од страна на Стејт департментот.
Одлуката за забрана на патување дојде по смртта на американскиот студент Ото Вамбриер, кој почина откако падна во кома во севернокорејски затвор.