Линкови за пристапност

САД воведоа дополнителни санкции против Северна Кореја


Потегот уследи по најновите тестови на нуклеарни и балистички проектили

Извршната наредба на претседателот Барак Обама е резултат на севернокорејскиот нуклеарен тест на 6-ти јануари и лансирањето на балистички проектил на 7-ми февруари, што претставува прекршување на долготрајните меѓународни преговори, чија цел е сузбивање на нуклеарните амбиции на Пјонгјанг.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, кажа дека САД ќе продолжат со економските санкции спрема Северна Кореја, се` додека не се во согласност со нејзините меѓународни обврски.

XS
SM
MD
LG