Линкови за пристапност

Мекмастер за Северна Кореја: „Има воено решение“


Советникот за национална безбедност во Белата куќа Херберт Мекмастер, изјави дека постои воено решение за ракетните и нуклеарни тестови на Северна Кореја, иако тоа е опција којашто администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, не би ја применила.

„Она што треба да сториме, е да го повикаме секого и сите земји, и да сториме се` што можеме, да се осврнеме на овој глобален проблем. Тоа е, имплементација на најновите санкции и убедување на сите, да сторaт се` што можат, бидејќи тоа е во нивен интерес“, подвлече Мекмастер за време на денешната прес-конференција во Белата куќа.

Тој додаде дека часовникот отчукува со секој провокативен тест на Северна Кореја.

Мекмастер беше придружуван од амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли, која се согласи дека светската организација е со се` помалку опции, кога станува збор за воведување на нови економски санкции. „Оттука, наваму, Советот за безбедност на ОН, нема многу што да стори“, рече таа.

Хејли додаде дека неодамна усвоената резолуција во ОН за Северна Кореја, би била доволно влијателна, доколку се примени ефикасно.

Советот за безбедност, попладнево по локално време, ќе одржи вонредна седница по севернокорејското прашање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG