Линкови за пристапност

Јужна Кореја побара помош од ОН за мониторинг на Северна Кореја


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, вети дека ќе ги прекине активностите за тестирање на нуклеарното оружје, до крајот на мај

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин побара ОН да помогнат во мониторинг на затворањето на нуклеарната постојка во Северна Кореја, од каде се изведуваа тестирањата. Мун имал телефонски разговор со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по ова прашање, по што Гутереш одговорил позитивно на барањето.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, вети дека ќе ги прекине активностите на локацијата, до крајот на мај.

Јужнокорејски претставници соопштија дека Ким планира да покани експерти и новинари од Сеул и САД, кои би извршиле проценка и евалуација на затворањето.

Во меѓувреме, и натаму се во тек подготовките за средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, планирана за месецов или јуни.

Трамп на својот нов советник за национална безбедност Џон Болтон, му кажал дека САД никогаш не биле поблиску до ослободување од нуклеарното оружје на Северна Кореја и создавање на „мир и безбедност во светот“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG