Линкови за пристапност

Северна Кореја: Се` уште е возможен дипломатски напредок


Државата останува отворена за решавање на проблемите со САД, рече севернокорејскиот заменик-министер за надворешни работи

Северна Кореја и соседите во регионот реагираа со претпазливост по одлуката на претседателот Доналд Трамп да го откаже состанокот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Заменик - министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ким Ке Гван, во изјава за Севернокорејската централна новинска агенција, рече дека државата останува отворена за решевање на проблемите со САД „кога било и како било“, поздравувајќи ги дипломатските напори на Трамп.

„Имаме голема почит кон напорите на претседателот Трамп, кои досега не се видени од ниту еден друг претседател, со цел да се одржи историската средба САД- Северна Кореја“, изјави тој.

Неговите изјави се спротивни на претходните критики, навреди и закани од заменик-министерот за надворешни работи Чо Сон Хуи кон потпретседателот на САД Мајк Пенс, нарекувајќи го политички незрел, и заканувајќи се со можен нуклеарен судир со САД.

Огромниот гнев и отворено непријателство од страна на Пјонгјанг, се причината зошто Трамп го откажа состанокот, иако некои аналитичари велат дека причината е непремостливата разлика на позициите за денуклеаризација.

Сепак, Северна Кореја смета дека се` уште е возможен дипломатски напредок.

„Треба да се вреднува што Северна Кореја покажува интерес за продолжување на преговорите со САД, смирено реагирајќи на моменталната ситуација“, вели професор на Универзитетот во Сеул.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, на вчерашниот доцен состанок за национална безбедност, наводно изјавил дека е збунет од одлуката на Трамп да го откаже состанокот, повикувајќи ги двете страни да комуницираат директно за да излезат овој ќор-сокак.

Жалење за пропаднатиот состанок изрази рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека Ким Јон Ун направил се` што ветил за одржување на средбата, додека Јапонија изрази поддршка за претседателот Доналд Трамп, повикувајќи на породолжување на санкциите од страна на Обединетите нации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG