Линкови за пристапност

Почина Ото Вармбиер – студентот кој беше затворен во Северна Кореја


Вармбиер беше ослободен и вратен во САД минатата недела, во состојба на кома

Почина Ото Вармбиер, студентот од САД, кој беше затворен во Северна Кореја речиси година и половина, соопшти неговото семејство.

Вармбиер беше ослободен и вратен во САД минатата недела, во состојба на кома. Лекарите во неговиот роден град Синсинати, Охајо, изјавија дека Вармбиер претрпел сериозни оштетувања на мозокот во Северна Кореја, но, оти не е јасно која е причината за таквите оштетувања.

Северна Кореја изјави дека 22-годишниот студент паднал во кома брзо откако бил затворен во март минатата година, поради кражба на постер од хотел во Северна Кореја

Владата тврди дека тој паднал во кома, откако добил тровање или ботулизам, и зел апче за спиење.

Семејството на Вармбиер жестоко го отфрли тврдењето, велејќи дека Северна Кореја брутално го малтретирала Ото.

„За жал, не можеше да има поинаков резултат, по ужасната тортура, која нашиот син ја претрпе од Севернокорејците“, се вели во изјавата на семејството.

Претседателот Доналд Трамп изрази сочувство до семејството.

„Нема потаргично за еден родител од тоа да го изгуби неговото дете“, изјави Трам, во пишаната изјава, нагласувајќи дека смртта на Ото ја зголемува неговата решителност да спречи други трагедии во иднина, од режими, во кои не се почитува владеење на правото и не постојат основи норми на човеково однесување.

Амбасадорот на САД во Обединетите нации Ники Хејли рече дека смртта на Вармбиер ќе остане трае потсетник за „бруталната природа на лидерството на Северна Кореја“.

Американските официјални лица велат дека се загрижени за тројцата Американци, со корејско потекло, кои биле задржани во Северна Кореја, а има и најмалку шест Јужнокрејци, кои се верува дека се притворени, исто така.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG