Линкови за пристапност

Кој е факторот за можен договор со Северна Кореја?


Календарот за следните претседателски избори во САД, можно е да биде клучен фактор во одредувањето на обемот и тајмингот на потенцијалниот договор за прекин на нуклеарната програма на Северна Кореја.

Планирањето напредува и за претстојниот самит меѓу севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-ин на крајот на април и очекуваниот состанок помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ун, кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Трамп во вторникот рече дека имало разговори на „мошне високо ниво“ меѓу неговата администрација и владата на Северна Кореја. Подоцна беше објавено дека директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Мајк Помпео, неодамна бил во Пјонгјанг на средба со Ким Јонг-Ун.

Трамп воедно истакна дека разговорите биле обележани со „многу добра волја“ и дека „имало големи промени околу однесувањето на Северна Кореја", особено по Олимпијадата во Јужна Кореја, при што Ун испрати испрати голема делегација, ги суспендираше нуклеарни и ракетни тестови, изразувајќи подготвеност да се вклучи во разговорите за нуклеукализација.

Вртењето кон дипломатијата, засега го намали потенцијалот за конфликт поради минатогодишните забрзани напори на Северна Кореја, за да развие оперативен нуклеарен меѓуконтинентален балистички проектил којшто може да стигне до копното на САД.

Одлуката на севернокорејскиот лидер да се вклучи во разговорите за денуклеарканизација, најверојатно беше мотивирана од кампањата на „максимален притисок“ на Трамп, при што се зголемја и санкциите и заканата од воена акција против Северот, како и заложбите на јужнокорејскиот претседател Мун Џеј-ин во напорите за подобрување на односите меѓу двете Кореи.

Според експерти за Северна Кореја од Институтот Сеџонг во Јужна Кореја, администрацијата на Трамп веројатно смета дека постигнувањето одреден договор, што би можел да помогне во зголемувањето на шансите на претседателот за реизбор во 2020-та година.

Севернокорејците, исто така претпочитаат да склучат нуклеарен договор со Трамп пред 2020-та година, бидејќи стравуваат дека претседателот би можел да ја изгуби кандидатурата за реизбор, а следната администрација ќе побара евалуација на преговарачкиот процес.

Џон Болтон, советник за национална безбедност на претседателот, изјави дека Северна Кореја треба да го следи модел на Либија, во кој долгогодишниот либиски претседател Моамер Гадафи се согласи да се откаже од целото оружје за масовно уништување во 2003 година, а наскоро потоа на меѓународните инспектори им беше дозволено да ги проверат и надгледуваат напорите за демонтирање.

Ако Ун и Трамп постигнат таков договор на почетокот на летото, можно е инспекторите да бидат распоредени во Северна Кореја до октомври, непосредно пред делумните конгресни избори во САД, при што бројни кандидати на Републиканската партија поврзани со претседателот, ќе се соочат со мошне конкурентни трки.

Пјонгјанг повика на чекор-по-чекор модел, споредувајќи го секој чин на нуклеарна акција, со одредена концесија, која ќе се спроведува на подолг временски рок, со цел да се обезбеди стабилност на владата на Ун.

Јужнокорејските власти рекоа дека претстојниот меѓукорејски самит, воедно ќе се фокусира на формално заменување на примирјето со коешто беше прекината Корејската војна во 1953-та година - со формален мировен договор со кој би се нормализирале односите и ќе се зголеми безбедносната соработка.

„Нашата влада се залага за таков крај на воената декларација и градење на траен мировен режим“, рече портпаролот на Министерството за обединување Баик Тае-Хјун.

Јужна Кореја и силите на ОН предводени од САД, технички се` уште се во војна со Северна Кореја, откако борбите завршија со примирје, а не со мировен договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG