Линкови за пристапност

Сестрата на Ким Џонг-ун ги предупреди САД против воените вежби со Сеул ако сакале да спијат мирно во наредните четири години


Оваа закана е прва официјална изјава за време на речиси двомесечната администрација на претседателот Џо Бајден

Северна Кореја испрати ново предупредување кон САД, откако официјалните лица за надворешна политика и одбрана ја осудија кинеската агресија во регионот.

Ким Јо-џонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, ги критикуваше заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, кои се одвиваат во Јужна Кореја.

Нејзините забелешки, упатени кон Вашингтон и Сеул, се прва официјална изјава за време на речиси двомесечната администрација на претседателот Џо Бајден.

Ким преку изјавата што ја пренесе Централната новинска агнеција на Пјонгјанг, ја предупреди новата администрација против „воени игри“ ако сакала да „спие мирно во наредните четири години“.

Таа рече дека властите во Сеул би можеле да се соочат со последици за воените вежби кои почнаа на почетокот на овој месец.

Заканите на Ким доаѓаат во време на разговорите на државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Остин Лојд со јапонските колеги во Токио.

Блинкен претходно рече дека САД неодамна се обиделе да разговараат со Пјонгјанг, но, оти не добиле одговор.

„Работиме на тоа дали разни дополнителни мерки за притисок можат на бидат ефикасни, и дали има дипломатски пат кој има смисла“, рече Блинкен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG