Линкови за пристапност

САД ќе ги продолжат воените вежби со Јужна Кореја


Во овој момент немаме планови да ги прекинеме, рече американскиот секретар за одбрана Џим Матис

Секретарот за одбрана на САД Џим Матис изјави дека Пентагон нема да суспендира какви било воени вежби со Јужна Кореја во иднина.

„Суспендиравме неколку од најголемите вежби, како знак на добра волја по состанокот во Сингапур“, рече Матис, укажувајќи на средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

„Во овој момент немаме планови да прекинеме други вежби“, додаде тој.

Трамп во петокот побара државниот секретар Мајк Помпео да го откаже планираното патување во Северна Кореја, бидејќи чувствувал оти не се прави значителен прогрес со денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Матис одби да одговори дали продолжувањето на вежбите ќе се смета за провокација.

“Дури одговор на такво прашење би можел да влијае врз преговорите. Да им дозволиме на дипломатите и преговорите да продолжат. Сите сме свесни за важноста на прашањата со кои се справуваме“, нагласи Матис.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG