Советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон изјави дека е можно голем дел од оружјето за масовна деструкција на Северна Кореја да биде уништено во рок од една година, по одржувањето на историската средба меѓу лидерите Доналд Трамп и Ким Јонг Ун.
Во изјава за Си-Би-Ес, Болтон рече дека однесувањето на Северна Кореја по преговорите е во согласност со ветувањата. Тој истакна дека клучот за успех е соработка и целосна отвореност на Пјонгјанг.
Бројни експерти,пак, ја доведуваат во прашање желбата на Северна Кореја да соработува.
Џошуа Полак од Институтот за меѓународни студии на Миделбери, за Гласот на Америка, изјави дека многу работа може да се заврши во рок од една година, но, главната работа ќе биде денуклеаризацијата.
Facebook Forum