Линкови за пристапност

Бела куќа: Претседателот Трамп е подготвен за тешки преговори со Северна Кореја


Претходно Северна Кореја се закани дека ќе ја откаже средбата со Трамп, ако САД продолжат да бараат еднострано откажување од нуклеарното оружје

Белата куќа се огласи откако Пјонгјанг изрази длабока резервираност за тоа дали ќе се одржи средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, закажана за 12-ти јуни во Сингапур.

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс за телевизијата Фокс, изјави дека „САД се подготвени за средба, и доколку се случи, тоа ќе биде одлично. И натаму се надеваме дека средба ќе има“.

Таа додаде дека претседателот Трамп е подготвен за „тешки преговори“, но доколку разговорите бидат откажани, САД ќе продолжат со кампањата на максимален притисок, воведувајќи економски санкции против Северна Кореја.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кажа дека Северна Кореја нема да биде заинтересирана за средбата, ако Вашингтон се обиде „да не` принуди еднострано да се откажеме од нуклераниот арсенал“.

Разговорите на виско ниво закажани за денес со Јужна Кореја беа откажани од Пјонгјанг, укажувајќи на заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД, нарекувајќи ги провокација и „тест за инвазија“ на Северна Кореја

Сеул изјави дека денешните разговори меѓу Северна и Јужна Кореја требаше да бидат фокусирани на демилитаризација и за плановите да се стави крај на Корејската војна.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт, изјави дека САД не добиле официјално известување од Северна Кореја за наводното негирање на воените вежби.

Белата куќа изјави дека ќе продолжат одблизу да се координираат со сојузниците.

Сепак, многумина кои работеле со Северна Кореја изминитаиве години, велат дека постои група која сака да ги саботира дипломатските преговори, верувајќи дека тие можат да ја уништат династијата на Ким Јонг Ун.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG