Линкови за пристапност

Матис: САД се залагаат за дипломатско решение за Северна Кореја


Првиот човек на Пентагон го отфрли тврдењето на Пјонгајнг дека САД и` објавиле војна на оваа земја

Секретарот за одбрана Џим Матис, денеска го повтори американскиот став дека САД се залагаат за мирно решавање на растечките тензии со Северна Кореја, и покрај тврдењето на Пјонгјанг дека пораката на претседателот Трамп на Твитер од понеделникот, практично значи објавување на војна.

Првиот човек на Пентагон, кој се наоѓа во посета на Њу Делхи, истакна дека додека американското воено присуство на Корејскиот Полуостров е потребно за одвраќање на севернокорејските закани, САД воедно поддржуваат дипломатски напори во справување со прашањето.

Претседателот Доналд Трамп во пораката коментираше дека режимот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „нема да трае уште долго“ ако Северот ги исполни неодамнешните закани.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо, токму по оваа порака изјави дека доколку се соочи со закана, Пјонгјанг ќе преземе контра-акции, вклучувајќи соборување на американски воени авиони во регионот.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс кажа дека САД не и` објавиле војна на Северна Кореја и дека ваквото толкување на Твитер пораката на претседателот е „апсурдно“.

Советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер истакна дека САД се надеваат дека ќе избегнат војна со Северна Кореја, „но она што не можат да сторат, е да ја намалат таа можност“.

Едно од мирољубивите решенија, според Мекмастер би било Пјонгјанг да им даде пристап на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија, но сите дипломатски преговори би морале да се случат под услови – различни од претходните разговори, додаде тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG