Линкови за пристапност

Остра осуда за лансирањето на севернокорејскиот проектил


Северна Кореја соопшти дека балистичкиот проектил над Јапонија, бил како одговор на тековните заеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја.

Официјалната севернокорејска новинска агенција го цитираше лидерот Ким Јонг Ун, кој кажал дека вежбата за ракетно лансирање изгледала „како вистинска војна“. Тој рекол и дека проектилот бил првиот чекор на Северна Кореја за операциите во Пацификот и „значајна увертира што би го опфатила островот Гуам“.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и претседателот на Јужна Кореја Мун Џеј-ин, во денешниот телефонски разговор се согласиле дека мора да се примени максимален притисок врз Северна Кореја, за да се вклучи во преговори за кризата.

Петнаесетте земји-членки на Советот за безбедност на ОН, во вторникот одржаа итна седница, осудувајќи го лансирањето на проектилот врз Јапонија.

Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли, ги повикува другите земји да се приклучат во осудата на Северна Кореја.

Претседателот на САД Доналд Трамп, претходно изјави дека по најновиот чекор од страна на Северна Кореја, „сите опции се на маса“.

Кина се приклучи на осудата за лансирањето на проектилот, а нејзиниот претставник во ОН ги повика земјите-членки да покажат воздржаност и да избегнат взаемно провокативни активности, што би можеле да ја влошат регионалната ситуација. Тој ја истакна потребата од меѓусебна соработка, со цел, заштита на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров.

И кинескиот и рускиот претставник во светската организација, рекоа дека не постои воено решение за ова прашање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG