Линкови за пристапност

Њу Орлеанс ги отстранува спомениците на расната поделба


Одлуката предизвика смртни закани и предупредувања за работниците да носат шлемови и панцири за заштита од куршуми

Њу Ореланс во сојузната држава Луизијана, почна да ги отстранува четирите споменици, кои биле поставени да ја одбележат расната сегрегација во минатото.

Работниците почнаа да го демонтираат првиот споменик на белците, што се обиделе да ја урнат владата од две раси во Њу Орлеанс, во годините по Граѓанската војна во САД.

Официјалните лица одлучиле да ја тргнат статуата ноќе, во обид да избегнат бојкот од противниците на иницијативата.

Градскиот совет на Њу Ореланс, со мнозинство Афроамериканци, во 2015-та година гласаше за отсранување на спомениците, но правните битки за нивната судбина ги спречиле овие активности до ден денес.

Одлуката предизвика смртни закани и предупредувања за работниците да носат шлемови и панцири за заштита од куршуми.

Останатите три споменици, кои го слават претседателот кој се залагал за распаѓање на конфедеративните држави, како и на двајца познати генерали, треба да се отстранат во текот на наредните денови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG