Истражувачите велат дека во југозападниот дел на Тихиот Океан постои потопен континент кој може да се смета како осми континент. Тие го нарекуваат Зеландија, и лежи под највисокиот дел од континентот што е над водата, Нов Зеланд.
Според студијата објавена во журналот Геолошкото друштво на Америка, Зеландија е две третини од големината на Австралија, или околу пет милиони километри квадратни.
Само шест проценти од него се наоѓа над водата, поголемиот дел е Нов Зеланд, Нова Каледонија и некои помали острови.
Традиционално, Нов Зеланд се поврзува со континентот Австралија, извести Би-Би-Си.
Научниците велат дека Зеландија можно е да се отцепил од суперконтинентот Гондвана пред 60-85 години, се вели во напис на весникот Гардијан.