Пет дена пред прелиминарните избори на Демократската партија во Невада, фаворитот Хилари Клинтон нагласува дека таа е повеќе од кандидат за „едно прашање“ со цел да се истакне пред нејзиниот конкурент Берни Сандерс, со кого се рамноправни во трката. Според анкетата на Универзитетот Квинипек, поранешната државна секретарка води пред сенаторот на Вермонт со 44%, наспроти 42%.
Од кампањата на Клинтон, мултиетничката сојузна држава Невада ја гледаат како клучен тест за придобивање на гласачите од малцинствата и Синдикатот. За Сандерс, оваа држава од западниот дел на САД претставува демографска можност за проширување на неговата изборна одржливост на национално ниво, по неговиот успех во сојузните држави со мал процент на малцинство, Ајова и Њу Хемпшир. 40% од избирачкото тело во Невада - се малцинство.
Појавувањето на Сандерс помеѓу синдикалните гласачи беше клучен дел од напорите за придобивање гласачи од оваа сојузна држава, постојано спомнувајќи за време на кампањата дека членовите на синдикатот се на негова страна. Унијата на кулинарните работници е најголемата гласачка сила во оваа држава, но се' уште немаат поддржано кандидат. Кампањата на Сандерс тврди дека неговата историја на активизам и позадината на син на имигрант ќе ги придобие латиноамериканското тело во оваа држава.
Кампањата на Клинтон е присутна во Невада од април 2015-та година и се потпира на силата од седум канцеларии низ државата и повеќе од 7.000 волонтери. Кампањата на Сандерс има 12 канцеларии и вели „неколку илјади“ волонтери.
Кокусот на демократите во Невада во сабота, 20-ти февруари, ќе се одржи само една недела пред прелиминарните избори во Јужна Каролина.
Демократската партија во Невада поттикнува учество дозволувајќи им на работниците во смени, како вработените во казина или во индустријата за храна, да се регистрираат на денот на одржување на кокусот и да се дел од било кое избирачко место. Аналитичарите велат дека невообичаената природа на кокусот и постојаната промена на населението во оваа сојузна држава, се два фактора што би можеле да влијаат на резултатот.
Клинтон со тесен резултат го победи Сандерс во Ајова, но загуби од него со голема разлика во Њу Хемпшир.