По неколкугодишен правен, дипломатски и политички притисок, САД депортираа лице во Германија, за кое се знае дека соработувало со нацистите.
Јакив Палиј бил уапсен во неговиот дом во Њујорк, каде што живеел од 1949-та година. Тој има 95 години.
Палиј станал американски државјанин во 1957-та година. Но, во 2001-та година, пред истражителите во Одделот за правда тој признал дека работел во кампот Травники во Полска, која тогаш била окупирана од Германија.
Во ноември 1943-та година, нацистите само во еден ден таму убиле повеќе од 6.000 еврејски затвореници.
Во 2004-та година, пак, американски судија наредил неговата депортација.
Не е познато дали Палиј ќе се соочи со правна постапка во Германија.
Белата куќа соопшти дека „САД нема да ги толерираат оние што сториле нацистичките злосторства и други злоупотреби на човековите права, и оти овие лица нема да најдат засолниште на американско тло“.
Facebook Forum