Линкови за пристапност

Вонредна состојба во Морнаричкиот комплекс во Вашингтон


Властите вршат истрага по информација за отворен оган во објектот каде во 2013-та армиски договорен соработник уби 12 лица

Американскиот морнарички комплекс во главниот град Вашингтон, најстарата морнаричка инсталација во земјата, е под безбедносен обрач по информација за отворен оган во комплексот.

Голем број полициски возила се упатија кон комплексот којшто е во близина на Конгресот, но и по два часа безбедносна проверка, полицијата не може да потврди дали навистина бил отворен оган. Нема информации за повредени.

Во септември 2013-тата, токму во Морнаричкиот комплекс, армиски договорен соработник отвори оган и уби 12 лица пред да биде смртно застрелан од полицијата.

Најновиот инцидент се случи на само два дена од планираната прослава во Вашингтон на американскиот Ден на независноста. Со приближувањето на празникот, во американскиот главен град владеат зајакнати мерки на безбедност во контекст на неодмнешните напади во странство коишто ги извршија терористите на Исламската држава.

Додека полицијата истражува во Морнаричкиот комплекс, беше зајакната и безбедноста околу Белата куќа којашто е на околу два километра оддалеченост.

XS
SM
MD
LG