Линкови за пристапност

Секретарот на американската морнарица поднесе оставка


Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер побара од секретарот на морнарицата Ричард Спенсер да си даде оставка, наведувајќи го како причина неговото постапување во случајот со припадник на единицата „Морнарички фоки“, обвинет за воени злосторства во Ирак.

Еспер во неделата побара оставка и Спенсер ја поднесе, изјави портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.

Пентагон наведува дека Еспер побарал оставка од Спенсер кога дознал дека секретарот приватно им предложил на функционерите на Белата куќа дека доколку администрацијата престане да се меша во „Случајот Галагер“, тој ќе се погрижи Галагер да биде во можност да си поднесе оставка од единицата „Морнарички фоки“.


Барањето се однесува на случајот со офицерот Едвард Галагер, кој беше обвинет за воени злосторства извршени за време на неговата служба во Ирак во 2017 година. Тој беше ослободен од посериозните обвиненија за убиство, но беше прогласен за виновен поради тоа што се фотографирал покрај телото на тинејџер, борец на Исламската држава. Поради тоа на Галагер му беше одземен чинот.

Но, американскиот претседател Доналд Трамп интервенираше во случајот и го помилува, враќајќи му го чинот и платата.

Кога Трамп минатата недела дозна дека морнарицата планира повторно да го преиспита „Случајот Галагер“ за да одлучи дали може да продолжи да ја носи значката која означува припадност во елитна единица командоси, тој повторно интервенира.

Пентагон наведува дека Еспер побарал оставка од Спенсер кога дознал дека секретарот приватно им предложил на функционерите на Белата куќа дека доколку администрацијата престане да се меша во „Случајот Галагер“, тој ќе се погрижи Галагер да биде во можност да си поднесе оставка од единицата „Морнарички фоки“.

Вашингтон пост прв извести за овој случај.

Таа информација не му била откриена на Еспер за време на разговорите што ги имал со Спенсер, рече Хофман.

„За жал, поради тоа, утврдив дека секретарот Спенсер повеќе ја нема мојата доверба за да може да остане на функција“, рече Еспер.

Еспер на претседателот за следен секретар на морнарицата му го препорачал Кенет Брајтвајт, амбасадор на САД во Норвешка и пензиониран адмирал на морнарицата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG