Десет американски морнари се исчезнати, а петмина се повредени, откако разурнувачот на Американската морнарица „Џон Мекејн“, се судрил со танкер со нафта источно од Сингапур.
Седмата флота на морнарицата соопшти дека судирот со танкерот којшто пловел под либериско знаме, се случил во 6 часот и 20 минути по локално време.
Во соопштението стоело и дека бродот е оштетен и се движел кон брегот, а од пристаништето рекоа дека штета била регистрирана и на танкерот, но немало повредени меѓу неговиот екипаж.
И натаму се трага по исчезнатите американски морнари, а во напорите помагаат и морнарицата и пограничната служба на Сингапур.
Претседателот на САД Доналд Трамп, преку Твитер изрази поддршка за акцијата, велејќи дека неговите мисли и молитви се со морнарите на овој брод.
Ова е втор судир последниве два месеца, на брод од 7-та флота на Американската морнарица во Пацификот. Во јуни во водите на јапонското крајбрежје загинаа седум морнари.
Facebook Forum