Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го предупреди Конгресот на САД за заканата од „се поагресивната Русија“.
Столтенберг се обрати на заедничката седница на Конгресот по повод 70-годишнината од создавањето на НАТО на крајот од Втората светска војна.
„Континуирани кибернетски напади врз сојузниците и партнерите на НАТО, се насочени кон сè, од парламенти до енергетски мрежи. Со софистицирани кампањи за дезинформирање се прават обиди за мешање во демократијата. НАТО одговори со најголемо засилување на нашата колективна одбрана во последниве децении. За прв пат имаме и распоредени војници на истокот од нашиот сојуз“, рече Столтенберг.
Генералниот секретар, исто така, рече дека НАТО не сака да ја изолира Русија, туку дека се залага за подобар однос со неа. Но, според него, дури и со подобрени односи, справувањето со овој предизвик нема да биде лесно.
Тој ја нагласи и важната улога на американскиот претседател Доналд Трамп за да ги натера членките на НАТО да ги зголемат своите придонеси во буџетот на Алијансата.
Facebook Forum