Линкови за пристапност

Столтенберг ќе се обрати во американскиот конгрес


Претставничкиот дом и Сенатот, го поканија првиот човек на НАТО за да ја демонстрираат поддршката кон Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска треба да се обрати на заедничката седница на американскиот конгрес, пред состанокот во Вашингтон на министрите за надворешни работи на земјите во Алијансата.

Спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, го поканија првиот човек на НАТО да се обрати во Претставничкиот дом, кој е под контрола на демократите и во Сенатот, кој е под контрола на републиканците, за да се покаже двопартиската поддршка која седум децении старата Алијанса ја ужива кај законодавците, и покрај повремените критики кон НАТО од страна на претседателот Доналд Трамп.

Додека министрите за надворешни работи на земјите во НАТО се состануваат во Вашингтон, аналитичарите нагласуваат дека НАТО е еден од најуспешните воени сојузи во историјата и сé уште е релевантен, посочувајќи на способноста да се прилагоди во справувањето со Русија и растечките закани како што е кибернетската безбедноста.

„НАТО се прилагодува и сојузниците трошат повеќе на одбраната. Мислам дека оваа администрација сè повеќе и повеќе сфаќа колку е НАТО критичен кон некои од предизвиците со кои се соочува, вклучувајќи ја и Кина“, вели Марк Симаковски од Атлантскиот совет за Гласот на Америка. „Значи, на многу начини, НАТО е далеку од застареност.“

Критиката на Трамп дека членките на НАТО не плаќаат фер удел во одбраната, како и политичкиот пресврт во Европа - вклучувајќи го претстојниот британски излез од Европската унија и повиците на некои за излез на Турција од НАТО, сепак може да остават впечаток дека одбранбениот сојуз е напукнат.

„Не мислам дека тоа е случај. Алијансата е силна“, изјави за Гласот на Америка министерот за одбрана на Естонија, Јури Луик, посочувајќи на зголемениот политички дијалог и воените вежби меѓу членките на НАТО, како и зголемувањето на американска воена опрема и војниците доведени во Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG