Линкови за пристапност

Во сенка на внатрешните тензии НАТО одбележува 70 години во Вашингтон


Набљудувачите внимателно ќе следат како на оваа годишнина НАТО Алијансата ќе ги надмине внатрешните несогласувања

Министрите за надворешни работи на земјите во НАТО се собираат во Вашингтон оваа недела по повод одбележувањето на 70 годишнината од Алијансата.

Американскиот претседател Доналд Трамп беше критичен кон Алијансата обвинувајќи ги другите членки не инвестираат доволно во одбраната и дека најголем дел од товарот го оставаат на САД.

Оттука, набљудувачите внимателно ќе следат како на оваа годишнина алијансата ќе ги надмине внатрешните несогласувања.

Трамп, кој денеска во Белата куќа ќе го пречека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, беше јасен околку неговите ставови за НАТО за време на претседателската кампања во 2016 година, кога рече дека Алијансата е „застарена“.

Тој рече дека кај НАТО недостига фокус на тероризмот, додека САД преземаат преголем дел од трошоците.

Според правилата на НАТО земјите-членки треба да потрошат најмалку два отсто од својот бруто-домашен производ за војската секоја година. Но, само седум од 29 земји-членки го достигнаа тоа ниво во 2018 година. Некои експерти сметаат дека примената на правилото на два проценти е многу важно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG