Линкови за пристапност

САД признаа уште шест индијански племиња


Групите на американско домородно население чекаше неколку децении за признавање на националниот суверенитет

Стивен Аткинс, водачот на домородното американско племе Чикахомини од областа Чарлс каунти, Вирџинија, не можеше да биде посреќен: претседателот на САД Доналд Трамп, го потпиша законот со кој се дава федерално признание на Чикахомини и пет други племиња.

„Работев на конгресно признавањето од 1999-та година наваму, и еве успеавме“, вели тој.

Со Актот за федерално признавање на индијанските племиња Томасина Е. Џордан од 2017-та година, се признаваат племињата Чикахомини, Источни Чикахомини, Горни Матапони, Рапаханок, Монака и Нансемонд како суверени нации, со што бројот на федерално признати племиња во САД сега изнесува 573.

Во 2016-та година, Памунки станаа првото племе од Вирџинија кое добило федерално признание.

Овие племиња сега можат да создадат сопствени закони, да собираат даноци и да управуваат со својата земја.

Вообичаено племињата кои сакаат да бидат признати мора да поднесат петиција до Одделот за внатрешни работи. Но, бидејќи племињата од Вирџинија склучиле мир со Англија речиси пред еден век од основањето на САД, тие не можат да ги документираат меѓувладините односи.

„Многупати, документите едноставно не постојат“, вели Арлинда Ф. Локлир, адвокатка од Вашингтон која ги претставувала племињата кои бараат признание. Таа припаѓа на племето Лумби од Северна Каролина, кое не е признаено од страна на сојузната влада.

За време на Граѓанската војна од 1860-та година, многу судови биле изгорени, а записите уништени, додаде Локлир.

Во 1920-тите години, Вирџинија го усвоила Законот за расен интегритет, барајќи Индијанците да се класифицираат како „црни“, што направило речиси невозможно да го докажат своето потекло.

Во 1999-та година, племињата побарале помош од законодавците од Вирџинија.

Во февруари 2017-та, конгресменот од Вирџинија Роб Витман, го поднесе предлогот до Претставничкиот дом. Верзијата доставена од сенаторите Тим Кејн и Марк Ворнер, беше усвоена на 11-ти јануари.

Шесте племиња сега имаат право на федерална помош за образование, здравствена заштита и домување, со сума од околу 67 милиони долари во текот на следните четири години, под претпоставка дека Конгресот ќе ги одобри средствата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG